• Мартин Танасковски

Екипата на Брера Струмица доби двајца интернационалци во своите редови и потпиша договори со играчи од африканските земји Гамбија и Сенегал. За какви фудбалери станува збор?
Првото име е Фодеј Травали, 23-годишен плејмејкер кој доаѓа од Гамбија. Се работи за фудбалер кој е во Европа во последните години, поточно од 2019 година. Како професионалец почна во У19 тимот на Велје од Данска, потоа настапуваше за Паиде и Калев од Естонија, Тузласпор и Бејкож Анадолу од Турција и Четникаја ТСЦ од Кипар.
Второто име е Хаџи Драме, 24-годишно десно крило од Сенегал. И тој исто во последните пет години е во Европа. Почна во Паиде од Естонија во 2020 година, па беше дел од грузиска Дила Гори и ерменска Вест Ерменија.
Двете имиња во Брера се добредојдени, затоа што тимот го чека битка за опстанок.