Кого ќе го бодрите: Ајакс или Аталанта – еден мора да испадне

Ајакс или Аталанта, еден ќе испадне. На општа жал на фудбалските фанатици затоа што се работи за два клуба кои во последните сезони импресионираа со тоа што од улога на аутсајдери успеваа и на оние најбогатите да им одржат лекција на тема: Уметност во играта. Во конкуренција на Ливерпул и едните и другите нема да можат до осминафинале во Лигата на шампионите.

Ќе се одлучува во – Амстердам. Почетна предност за Душан Тадиќ и пријателите, но на Италијанците во корист им оди тоа што имаат бод повеќе на табелата, па им одговара и реми. На Ајакс му одговара само победа, а атмосферата во соблекувалната е разнишана по неочекуваниот пораз од Твенте во Ередивизие. Медиумите посебно ги критикуваат носителите на играта, Душан Тадиќ, Квинси Промес, Давид Нерес.

>>> Сите квоти на мечот Ајакс - Аталанта во MOZZART

Ниту Аталанта не е баш во најдобар момент, иако одмораше за време на викендот затоа што одложен е нејзиниот меч со Удинезе. Меѓутоа, тимот од Бергамо има само една победа на последните шест меча, онаа против Ливерпул среде „Енфилд“. Во меѓувреме губеа од Верона како домаќини, освоија бод со Специја, ремизираа со Мидтјиланд...

>>> Сите квоти на натпреварите во ЛШ во MOZZART

Меѓутоа, Ајакс ќе мора да нападне, а Аталанта најмногу сака такви натпревари, па ако не сте сигурни кому ќе му ја дадете поголемата шанса, обидете се со голови, имаше четири на нивниот судир во Бергамо, а сега влогот е многу поголем. И кој и да погоди прв, другиот ќе мора да тргне на сè или ништо. А и едните и другите нема да се откажат додека постои шанса.