ВИДЕО: Кога Рубен Невеш ќе постигне гол, тогаш сигурно е РЕМЕК-ДЕЛО

Волверхемптон одигра уште една одлична партија на европска сцена и по само 90 минути игра од двомечот против Еспањол скоро сигурно ќе патува во осминафиналето на Лигата на Европа. 

Избраниците на португалскиот стратег Нуно Еспирито Санто го наполнија голот на шпанскиот прволигаш и со убедливи 4-0 ќе гостуваат во Каталонија.

<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Генијалности на Хаџи, Жота и Лаказет - победи на островските екипи во ЛЕ

Прва ѕвезда на „волците“ на овој натпревар беше Жота со три гола, но моментот на вечерта го реализира Рубен Невеш. Младиот офанзивец важи за фудбалер со страотен удар од далечина и кога ќе постигне гол, тогаш сигурно е ремек-дело. Така беше и синоќа, откако во 52. минута постигна прекрасен гол во мрежата на Еспањол.

  • Голот на 22-годишниот Невеш против Еспањол: 

Реваншот во Шпанија, кој би требало да биде само формалност, е закажан за следниот четврток.