ВИДЕО: Кога помисливте дека имате видено сѐ - оваа фудбалска акција не се објаснува ниту со наука

Лесото Танзанија

Репрезентациите од Африка често знаат да не насмеат, а денешната акција на дуелот помеѓу Лесото и Танзанија е нешто посебно и сигурно ќе ви донесе насмевка на лицето.

По една грешка на гостинскиот дефанзивец, во дуел еден на еден излезе домашен фудбалер кој се чинеше дека ќе ја заврши акцијата со погодок.

Но, следуваше шокантно промашување од непосредна близина, проследено со нова бламажа откако топката се одби од стативата, а опасноста беше расчистена од домашната одбрана.

Погледнете ја лудата акција: