
Реал Мадрид лесно победи на гостувањето во Гранада (0-4), а Зинедин Зидан имаше можност да одмори голем број на клучни играчи. Еден од нив беше Лука Модриќ, кој ја искористи паузата, па се дружеше со локалните фанови.
На стадионот се појави мало дете, кое многу потсеќа на хрватскиот фудбалер, кој на крајот го почести со една заедничка фотографија. На Интернет започнаа шегите, а една од нив гласеше дека момчето наликува на „производ“, кој би се добил од Лука Модриќ и Серхио Рамос. Проценете сами:
If Ramos is the wife & Modric is d husband .. they will give birth to this kid pic.twitter.com/NBka6Y26qj
— (@DanZaddy) May 8, 2017
Детете ќе го памети овој ден до крајот на животот, а исто така и останатите млади фанови, кои си заминаа дома со по некој сувенир од фудбалерите на Реал Мадрид.