• Мартин Танасковски
Лесно искрата на теренот може да стане оган и да дојде до пресметка меѓу играчите на двата табори. Така беше и на натпреварот меѓу Македонија и Англија во Скопје, кога ѕвездата на Манчестер Сити и англиската икона во националниот тим, Џек Грилиш, влезе во конфликт со Столе Димитриевски.
Непосредно пред поништениот гол со ВАР поради офсајд, Грилиш влезе во вербален дуел со Димитриевски. Голманот остана присебен и не потпадна на провокациите на играчот на Англија, а во негова одбрана скокна и дефанзивецот Висар Муслиу.
За брзо се вклучија во ситуацијата и другите играчи, па целиот момент се смири кога пристигна главниот судија.