Кога голман сака да биде плејмејкер: Комичен автогол во Шведска (ВИДЕО)

Ергрите загуби од Бромапојкарна со 1-3 во важен натпревар во борбата за опстанок во шведската лига, а резултатот можеше да биде многу поинаков доколку не беше неверојатната грешка на Хампус Густафсон.

Гостинот успеа да израмни на 1-1 и се врати во натпреварот, но потоа следуваше неверојатна ситуација. Бенџамин Латурнус без никаков притисок му ја врати топката на својот голман, кој имаше доволно време да реагира и да го продолжи нападот на својот тим.

Наместо тоа, топката му помина низ нозете, а при обидот да ја исправи грешката Густафсон само ја закачи и ја испрати директно во сопствената мрежа.