ВИДЕО: Кога Бензема ќе се разигра, нема проблем за Реал – Леванте отпишан за само 6 минути!

По киксовите против Ваљадолид и Виљареал, екипата на Реал Мадрид е на вистински пат да им се врати на победите во Примера. 

По првите 45. минута на отворањето на денешниот ден на Примера, на „Сантијаго Бернабеу“ „кралевите“ имаат сигурно водство од 3-0 против Леванте, а најзаслужен за тоа е Карим Бензема. Францускиот голгетер повторно докажа дека е во врвна форма и со две сигурни реализации на асистенции на Карвахал и Родригез донесе комотна предност за својот тим. До крајот на полувремето доминацијата на Реал во нов гол ја круниса Касемиро. 

  • Првиот гол на Бензема против Леванте: 
  • Вториот гол на Бензема против Леванте: 

И покрај сигурната игра и високото водство, фановите на Реал се во исчекување на дебито на својата прва ѕвезда Еден Азар, кој по повредата се врати во ростерот на Зинедин Зидан.