• Зоран Мишевски

Иако беше еден од најдобрите во сезоната која заврши на крајот на мај, Валентин Кочоски нема да го носи дресот на финалистот на Купот на Македонија, Воска Спорт од Охрид,
26-годишниот играч од средниот ред дојде во охридскиот клуб од соседната Струга Трим Љум, со која претходно настапуваше во евро-куповите. Претходно, Кочоски играше и за Пелистер, Шкупи, Беласица, Турново, Академија Пандев.
Играчот од средниот ред донесе големо искуство за дебитантот во прволигашкото друштво затоа што зад своето име има над 170 настапи во ПМФЛ. Фудбалерот за врска најверојатно ќе ја продолжи кариерата во друг клуб од Првата фудбалска лига (ПМФЛ).
Со ова заминување продолжува одлевањето на најбитните играчи на Воска Спорт од минатата сезона,