Кочоски си оди од Струга и е пред трансфер во Пелистер

Некогашниот фудбалер на Академија Пандев, а денес член на Струга Трим Љум, Валентин Кочоски ги минува последните денови како член на стружани.

23-годишниот фудбалер ќе се раздели со прволигашот покрај Охридското езеро, но ќе остане во ПМФЛ. Веќе неколку недели траат преговорите меѓу Пелистер и Кочоски и се очекува фудбалерот да се пресели во Битола.

Кочоски е во редовите на Струга Трим Љум од 2018 година, а оваа сезона одигра 18 натпревари и постигна еден гол. Во кариерата тој настапуваше и за Беласица, Хоризонт Турново, Шкупи, Академија Пандев... Пелистер гради тим за ПМФЛ, а досега донесе имиња како Давор Талески, Иван Пејаковиќ, Дарко Илиески, Ѓорѓи Танушев...

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.