Кочани го сака фудбалот: Осогово се спаси пред полни трибини! (ФОТО)

Осогово дома го победи Пелистер (3-0) и така го сочува второлигашкиот статус. „Жетварите“ водеа борба цела сезона, која на крајот, успеаја да ја добијат.

Кочани сака фудбал, доказ за тоа е дека на последниот натпревар од Втората лига немаше место игла каде да падне. На стадионот „Никола Мантов“ во Кочани на трибините имаше над 3.000 гледачи.

Импресивна бројка во второлигашкиот ранг, каде во повеќе наврати видовме повеќе гледачи отколку во Првата македонска фудбалска лига.