Коцев замина од Силекс и потпиша со грчки второлигаш

Коцев

Младиот фудбалер од академијата на штипска Брегалница, Стефан Коцев кариерата ќе ја продолжи во второлигаш од Грција. Негов нов предизвик ќе биде Аспропоргус Енонис од Атина, кој настапува во втората по ранг лига во нашиот јужен сосед.

25-годишникот потпиша договор до крајот на тековната сезона. Коцев веќе се приклучи на својата нова екипа, официјално беше претставен пред медиумите и тренираше со своите нови соиграчи.

Македонскиот интернационалец е поранешен член на Силекс, Брегалница и Лирија.

Коцев е еден од ретките македонски интернационалци во Грција, со оглед на тоа што сите кои претходно се обидоа, многу брзо се вратија во мак-фудбалот.