• Горан Упале
Екипата на Беласица се пофали со своето второ зимско засилување, откако во струмичката фудбалска гордост се врати Александар Коцев.
Станува збор за фудбалер кој во минатото остави голем траг во Беласица. Во синиот дрес дебитираше на свои 16 години, а за Беласица има одиграно над сто натпревари и постигнато 24 гола.
„По само шест месеци надвор од тимот Александар Коцев повторно се врати таму каде што припаѓа во сино-белата фамилија. Тој оваа пролетна полусезона ќе ни преставува огромно засилување во средниот ред и нападот. Му посакуваме многу среќа и со успех да го носи сино-белиот дрес и оваа сезона“, стои во објавата на Беласица.
Коцев е поранешен репрезентативец на У19 и У21 селекциите на Македонија.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.