• Саше Љолес
Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) и организаторите на Светското клупско првенство кое ќе се одржи следната година, официјално ги објавија стадионите на кои ќе се играат натпреварите.
Овој клупски Мундијал ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, кои ќе ги нагостат екипите на вкупно 12 грандиозни спортски објекти. Новиот формат на натпреварувањето ветува голема возбуда, затоа што ќе учествуваат 32 екипи од кои публиката ќе очекува спектакуларни партии.
- Дванаесетте стадиони за Светското клупско првенство:
„Лумен Филд“ - Сиетл
„Геодис Парк“ - Нешвил
„ТКЛ Стадиум“ - Синсинати
„Хард Рок Стадиум“ - Мајами
„Интер & Ко Арена“ - Орландо
„Ауди Филд“ - Вашингтон
„Роуз Боул“ - Лос Анџелес
„Мерцедес Бенц Стадиум“ - Атланта
„Кампинг Ворлд Стадиум“ - Орландо
„Линколн Фајненшел Фиелд“ - Филаделфија
„Банк оф Америка Стадиум“ - Шарлот
„Мет Лајф Стадиум“ - Њу Џерси
Светското клупско првенство во 2025 година ќе се одигра во периодот помеѓу 15 јуни и 13 јули, а воедно ќе претставува убава увертира за Мундијалот кој ќе се одржи исто така во САД, една година подоцна.
Големото финале ќе се одигра на 13 јули на стадионот „Мет Лајф“ во Њу Џерси.