• Иван Димовски
Автобусот на Реал Мадрид ја напуштил „Алијанц Арената“ без Винициус Жуниор по драматичната елиминација од Баерн Минхен во Лигата на шампионите.
Бразилскиот напаѓач морал да остане на стадионот поради задолжителни процедури по натпреварот, откако бил избран за случајна антидопинг контрола.
Додека остатокот од тимот се упати кон автобусот, Винисиус остана на тестирање. Поради тоа што постапката траела подолго од очекуваното, надлежните лица за логистика одлучиле автобусот да замине кон аеродромот, додека фудбалерот подоцна допатувал со автомобил.
„Кралевите“ доживеаја тешка вечер во Минхен, загубија со 4-3 и со вкупни 6-4 беа елиминирани од натпреварувањето.



