ВИДЕО: Клупата на Башакшехир судијата го нарече „циган“

Романија

Моментот кој донесе одложување на мечот меѓу ПСЖ и Истанбул Башакшехир и натаму е тема број еден во светските медиуми. Сите сакаат да дознаат каква ќе биде казната за четвртиот судија од Романија, Себастијан Колтеску, кој беше обвинет за расизам.

Безброј видеа се појавија кои ја покажуваат бурната реакција на фудбалерите на турскиот тим. Меѓутоа се појави и снимка на која може да се види како клупата на Башакшехир романскиот судија го нарекува „циган“.

Во позадина се слуша глас кој зборува на англиски јазик и вели: „Во мојата земја, Романците се „цигани“...“.

Колтеску беше обвинет дека за Пјер Вебо, помошникот тренер на Башакшехир, рекол „оној црниот таму“ , во обид да му објасни на судијата да го казни неговото однесување. Тоа донесе суспензија на мечот, кој се одигра 24 часа подоцна, без романските судии на теренот во Париз.

Ако биде прогласен за виновен, романскиот судија ќе добие суспензија од најмалку десет натпревари.