Клучно „Ел Класико“ во трката за тронот, победата императив за Реал Мадрид

Пролетната „Ел Класико“ трилогија овој викенд го носи вториот дел. За месец и половина Барселона и Реал трипати ќе вкрстат копја во битката за превласт во шпанскиот фудбал.
Првата битка пред две недели им припадна на Каталонците кои со минимален резултат славеа во Мадрид во првиот меч од полуфиналето на Купот на Кралот. Сега на ред е првенственото дерби на „Камп Ноу“, а за две недели на истото место следува и Куп реваншот. Барселона има одлична позиција да стигне до двојната круна во директните дуели против Реал.

Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Барселона и Реал Мадрид

Барса за првпат по девет години го дочекува „Ел Класико“ со дури девет бода пред вечниот ривал. Ако победи сега, трката за титулата е завршена. И со реми, тимот на Чави би ги ставил двете раце на трофејотод Примера.

Реал сака само победа, па треба да очекуваме Каталонците попретпазливо да влезат во дербито и да чекаат шанса. Заштитен знак на Барселона на Чави оваа сезона не е атомски напад, туку гранитна одбрана која неодамна во Мадрид го остави Реал без шанса или шут кон голот цели 90 и повеќе минути. Барса на 25 натпревари прими само осум гола во првенството и со таа дефанзивна стабилност ќе бара позитивен резултат против „кралевите“. Добрата вест е што закрепнатиот Педри се враќа.

Квоти за останатите натпревари во Примера

Реал ќе мора да нападне и да биде поконкретен на крајот отколку пред две недели во Куп дербито. Сè освен победа значи дефинитивно предавање на тронот во Примера.