• Сашо Поповски

Мохамед Салах многу веројатно ќе прифати пониска понуда, за да остане во Ливерпул уште долги години.
Египетскиот фудбалер не планира да ја напушта Премиер лигата. За него има интерес од Шпанија, но тоа не е во идните планови на офанзивецот на „црвените“. Премиерлигашот се погрижи да го утеши соодветно по неуспесите на репрезентативно ниво, што беше клучниот фактор поради кој тој одлучил да остане и да не бара екстремно високи услови за нов договор, пишуваат англиските медиуми.
Преговорите меѓу двете страни се одвиваат неколку месеци. Засега нема официјална потврда дека новата соработка со тимот од „Енфилд“ е блиску до реализација, но големи се шансите да остане во клубот каде ги постигна своите најголеми успеси.
Салах пристигна во Ливерпул пред пет години. Со клубот освои титулата во Лигата на шампионите и една „Златна копачка“, како и трофеј во Премиер лигата, за голема радост на фановите.