Клубовите во Премиер лигата „задоволни“ поради санкцијата на Сити

Забраната за настап во Лигата на шампионите во наредните две сезони за Манчестер Сити донесе еден вид задоволство кај некои екипи од Премиер лигата.

Моментално, фудбалерите на Пеп Гвардиола се на втората позиција на табелата и држат едно место кое носи пласман во групната фаза во ЛШ. Меѓутоа, нивното отсуство од натпреварувањето наредната сезона ги отвора вратите за екипи како Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Вулверхемптон, Евертон, Арсенал...

Актуелниот шампион на Англија го прекршил финансискиот фер-плеј и поради тоа ќе мора да плати и парична казна во висина од 30 милиони евра. УЕФА донесе една од најизненадувачките одлуки во поновата историја и му нанесе голем удар на гигантот од Манчестер.

Сити реагираше со сооштение и најави жалба за оваа одлука, која за нив не е изненадувачка.