Клубовите кои ја напуштија Суперлигата ќе се казнат со по 500 милиони евра!?

Европската Суперлига одекна ширум светот, откако дванаесет клубови предводени од функционерите на Реал Мадрид и Јувентус најавија издвојување од УЕФА и настап во затворено натпреварување кое ќе донесе огромни финансиски придобивки. 

Оваа одлука наиде на бурни реакции, фанови, функционери, фудбалски работници и над сите УЕФА беа апсолутно против ваков развој на настаните. По големите притисоци, први отстапија шесте премиерлигаши Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Арсенал и Тотенхем, а нивниот пример го следеа Интер, Милан, Атлетико Мадрид.

Челниците на новата организација Флорентино Перез и Андреа Ањели остана на својот став и го прогласија проектот на „стенд-бај“, но без одобрение на УЕФА и фановите ширум светот, тешко дека било кога ќе се оствари. 

Интересни информации изнесе првиот човек на Милан, Паоло Скарони, кој во разговор за „Газета дело Спорт“. Имено, Флорентино Перез ги обврзал клубовите во договорите за Суперлигата да потпишат клаузула според која ќе платат по 500 милиони евра во случај на откажување и отстапување. 

„Во секој договор стоеше дека ако клуб ја напушти Суперлитага без одобрение на претседателот (Перез), ќе биде казнет со 500 милиони евра. Јас во договорот на Милан не прифатив и вметнав клаузула дека клубот може да го напушти натпреварувањето кога ќе сака“, изјави Скарони. 

Досега, отстапија сите освен Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, па останува да видиме дали навистина има правна основа Суперлигата да бара пари од тимовите.