Клубовите ги менува секоја сезона: „Шетачот“ од Шведска потпиша за Борусија Менхенгладбах

Досегашниот фудбалер на Дармштат, Швеѓанецот Исак Лидберг, потпиша договор со Борусија Менхенгладбах, соопшти клубот.

Во соопштението се наведува дека повремениот шведски репрезентативец потпишал договор со германскиот клуб до 30 јуни 2030 година.

Лидберг, кој има 27 години игра на позицијата напаѓач. Пред Дармштат, настапуваше за Утрехт, Го Ахед Иглс, Гефле, Бромапојкарна, ХамКам, Јерв, Старт, Отвидаберг, Енскеде и Хамарби.

За репрезентацијата на Шведска настапил на три натпревари. Борусија Менхенгладбах ја заврши сезоната во Бундеслигата на дванаесеттото место на табелата.