• Иван Димовски
Фудбалскиот клуб Валенсија реши да направи промена во својата управа.
Шпанскиот клуб го менува својот спортски директор. По пет години на функцијата, од Валенсија заминува Мигел Анхел Корона. Клубот го соопшти ова преку својот веб-сајт, заблагодарувајќи му се за својата работа.
Корона е всушност човекот кој го договори потписот на Столе Димитриевски во клубот како директор за спортски прашања.
Интересно, пред само неколку денови Димитриевски во интервју зборуваше за повеќе теми, меѓу кои и дел од договорите на Валенсија со фудбалерите. Најспецифичен беше коментарот за првиот голман Хулен Агирезабала кој во договорот наводно има клаузула која му гарантира дека ќе брани на 30% од натпреварите.







