Клубот на Несторовски рекордно го продаде најголемиот талент во Грција

Хрватскиот фудбалер Адријано Јагушиќ и официјално направи трансфер во Панатинаикос, откако грчкиот гигант го откупи неговиот договор од Славен Белупо.

Клубот од Копривница потврди дека станува збор за најголемиот излезен трансфер во својата историја. Според информациите кои ги објавија хрватските медиуми, Панатинаикос ќе плати 5,2 милиони евра, плус дополнителни 800.000 преку бонуси, како и 20% од следната продажба.

Досегашниот рекорд за продажба на еден фудбалер го држеше трансферот на Никола Катиќ во Ренџерс за 2,28 милиони евра, додека веднаш зад него беше зделката со Мато Јајало во Сиена вредна 2 милиони.

Во периодот додека настапуваше за Славен, Јагушиќ ја делеше соблекувалната и со македонскиот интернационалец Илија Несторовски.