Клуб основан во 1907 година и од град од 13.000 жители за првпат ќе игра во Бундеслигата!

За првпат во историјата, екипата на Елверсберг обезбеди место во германската елита откако го декласираше Минстер со резултат од 3-0 во натпреварот од последното 34. коло од Цвајте и со тоа се „бетонираше“ на второто место на табелата зад Шалке.

  • Извештај од натпреварот:

Клубот, основан во 1907 година, е од градот Шписне-Елверсберг, кој има само 13.000 жители, и игра на стадион кој собира 10.000 навивачи.

За првпат во историјата, Елверсберг обезбеди место во Цвајте во 2023 година, а сега успеа да стигне до елитното ниво на натпреварувањето. Третопласираниот Падерборн ќе игра против Волфсбург, кој заврши на 16. место во Бундеслигата, во плејофот за пласман во елитата.

Фортуна Дизелдорф и Минстер испаднаа во третата лига. Гројтер Фирт ќе игра плеј-оф за опстанок против Есен, третопласиран од третата лига.