Клуб од Индонезија го посакува Тодор Тодороски

Повремениот македонски репрезентативец, десниот бек Тодор Тодороски, во моментов е слободен играч, а клуб од Индонезија го стави на листата на желби за следниот дел од сезоната.

26-годишникот изминатиот период го мина во Албанија, каде го носеше дресот на Фљамуртари. Сепак, си замина и како слободен е во потрага на нов ангажман.

Интерес за Тодороски има од ПСМ Макасар, клуб кој е на тринаесеттото место во лигата на Индонезија. Медиумите од тамошната земја пишуваат дека покрај Тодороски, се разгледува и Жоан Роман, производ од академијата на Манчестер Сити.

Тодороски во кариерата играше и за романски Поли Јаши, унгарски ЗТЕ, азербејџански Сумгајит, словачки Серед, хрватски Осијек, српски Раднички и македонските екипи Вардар, Металург, Кожуф и 11 Октомври.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.