Клуб формиран од ТикТокери во само 365 дена донесе екс-ѕвезда од ПЛ!

Сенегалскиот фудбалер Папис Сисе две години беше во пензија, но реши пак да се реактивира и да заигра фудбал во Обединетите Арапски Емирати и тоа во несекојдневен клуб.

39-годишниот Сисе последен пат беше дел од француски Амиен во 2023 година и оттогаш немаше одиграно меч. Некогаш славниот голгетер на Њукасл Јунајтед доби понуда од Дубаи и реши да ја прифати. И тоа доста интересна, од клуб формиран преку социјални мрежи за 365 дена. Се работи за Ал-Ќабила, чиј концепт стартува на 1 октомври 2023 година, а првиот меч го одигра на 22 септември 2024 година.

За каков клуб се работи? Професионалниот фудбалер Сохеил Варахам заедно со дизајнерот Даниал Шеик започнале преку Јутуб и ТикТок да прават фудбалски клуб. Целата фан-база ја добиле во само 365 дена. Па, се започнало во октомври 2023 година кога клубот го добил името Ал-Ќабила.

Лиценцата од ФИФА е добиена во 2024 година, а на 18 април, тренер на клубот станува Стивен Тејлор од Англија. Па следеле избор на логото, боите, дресовите, како и партнерства со Флитвуд Јунајтед од Англија, потоа и конекции со Рапид Виена. Во јули, Шеикот Ахмед бин Султан бил назначен за клупски претседател, се формирале младински академии, а откако се донеле и други тренери во стручниот штаб, следел и првиот меч.

Дебито на Ал-Ќабила е на 22 септември 2024 година, со победа над ТФА Дубаи. Што се однесува до тимот, има Англичани, Германци, Австриец, Португалец, Ганец, Холанѓанец, Косовец, Данец, Колубиец, Јорданец... а меѓу играчите е и Папис Сисе, кој е најзвучното име во клубот иако има 39 години.

Кариерата на Папис Сисе веројатно ќе заврши во Дубаи, а започна во 2000 година во Дуан Дакар, па се движеше преку Мец, Шербур, Шатеру, Фрајбург, Њукасл Јунајтед, Шандонг Луненг, Аланијаспор, Фенербахче, Ризеспор и Амиен. За Сенегал, Сисе има 36 настапи и 17 гола од 2009 до 2015 година.