• Иван Димовски
Фудбалерите на Клуб Бриж и Барселона ремизираа (3-3) во четвртото коло на Лигата на шампионите. Белгискиот тим на свој терен трипати водеше во спектакуларен натпревар со шест погодоци, а на крајот ВАР ја спаси Барселона која прими гол во судиското продолжение.
- Клуб Бриж - Барселона 3-3:
По само шест минути домашните поведоа со голот на Тресолди, ама две подоцна Феран Торес израмни. Веќе во 17. минута Клуб Бриж пак поведе преку Форбс (2-1), резултат кој беше активен на полувремето. Во продолжението одново екипите се распукаа во краток период. Прво Ламин Јамал донесе нов егал (2-2) во 61. минута, меѓутоа Форбс со вториот свој гол пак донесе водство за Бриж (3-2) во 64. минута.
Несреќно Цолис си даде автогол и Барселона пак се врати до израмнување, па почна да притиска. Сепак, во завршницата наместо гол за победа можеше да загуби. Вермант му украде топка на голманот Шчесни и даде гол во 91. минута, меѓутоа се огласи ВАР и го повика Ентони Тејлор да погледне, па голот беше поништен поради прекршок.
Интер сериозно се измачи за да го скрши отпорот на Каират во Милано, а на крајот славеше со 2-1. Поведоа „нераѕурите“ по голема борба во првиот дел и со погодок во последната минута од регуларното време. Сепак, на стартот на продолжението гостинската екипа успеа да се врати и израмни со голот на Арад во 55. минута со првиот гол во мрежата на Интер во ова натпреварување. Овој резултат беше актуелен дванаесет минути, а тогаш Карлос Аугусто го реши натпреварот поставувајќи го конечниот резултат.
Аталанта победи со гол во 90. минута против Олимпик Марсеј на „Велодром“ (0-1) и стави крај на лошата серија. Долго време мрежите мируваа во Франција, имаше Аталанта и поништен погодок преку Лукман, а на крајот херој беше Лазар Самарџиќ.
- Олимпик Марсеј - Аталанта 0-1:
Возбудувањата во Лигата на шампионите се враќаат на 25 и 26 октомври по репрезентативната пауза.









