ВИДЕО: Клуб Бриж се прошета низ Казахстан со „покер“ голови за Каират!

Фудбалерите на Клуб Бриж извојуваа убедлива победа на гостувањето кај Каират Алмати (1-4) во натпреварот од седмото коло во групната фаза на Лигата на шампионите. 

  • Извештај од натпреварот: 

Гостите од Белгија без никакви проблеми ја оправдаа благата фаворитска улога и ја начнаа мрежата на Каират во 32. минута преку Александар Станковиќ. До паузата Бриж ја удвои предноста со голот на Ханс Ванакен (0-2). 

Вторите 45 минути беа чиста рутина, Бриж продолжи да го „меле“ противникот и постигна уште два гола, со кои стигна до огромни 0-4. Белгискиот гигант заслужено ја извојува втората победа во елитното натпреварување, со која стигна до седум бодови и позиција која води во плеј-офот. До крајот на мечот домаќинот успеа да постигне само почесен погодок преку Адилет Садибеков, кој ги постави конечните 1-4 во 92. минута. 

Во следното коло Каират Алмати ќе гостува во Лондон кај Арсенал, додека Клуб Бриж на домашен терен ќе го пречека Олимпик Марсеј