Клоп: Заслужуваме ЛШ и во следната сезона, сè уште не сме на „жешкото столче“

Откако забележа елиминација во четвртфиналето од Реал Мадрид, англиски Ливерпул сега ќе се насочи само кон настапите во Премиер лигата преку кои ќе брка ново учество во европската елита следната сезона. 

Германскиот стратег на клупата на англискиот шампион, Јирген Клоп, вели дека неуспехот со Реал Мадрид нема да влијае негативно врв нив и дека неговите момци заслужуваат и следната сезона да играат во Лигата на шампионите.

„Не мислам дека ова е лош момнет за нас. Игравме добро. Мораме да продолжиме така, мора да се бориме, сакаме да играме во Лигата на шампионите и следната година. Го сакаме ова натпреварување, а важно е да учествуваме во него и од други причини. Сега мора да се концентрираме на Премиер лигата. Оваа елиминација нема да влијае негативно врз нас. Го сакаме тоа што го заслужуваме. Ако не го заслужиме, тогаш ја прифаќам ситуацијата таква каква што е. Тешко е, но сè уште не сме на „жешкото столче“. Нè чека Лидс, тоа ќе биде тежок натпревар“, рече Клоп.

На седум кола до крајот на Премиер лигата, Ливерпул е на шестата позиција со 52 бода, три помалку од Вест Хем кој е четврти.