• Горан Упале
Се чинеше дека трансферот на словенечкиот напаѓач Бенџамин Шешко од РБ Лајпциг во Манчестер Јунајтед е завршена работа, но се случи вистински хаос. Навивачите на „црвените ѓаволи“ веќе почнаа да го слават доаѓањето на новиот голгетер, но челниците на клубот почнаа да одложуваат, мислејќи дека имаат време, сè додека Јирген Клоп не „вмешал“ прсти.
Поранешниот менаџер на Ливерпул, сега советник и, според многумина, прв оперативец во клубовите на Ред Бул „ сврте телефон“ и го принуди Словенецот да се насочи кон „Сент Џејмс Парк“.
Со одлична соработка меѓу двата клуба на Ред Бул, Клоп го повика Шешко на разговор и, според словенечките и англиските медиуми, успеа да го советува да го одбие Јунајтед и да оди во Њукасл. Се вели дека трансферот во „Сент Џејмс Парк“ треба да изнесува 90 милиони евра со бонуси, и дека Шешко се согласил со сите лични услови што „страчките“ ги ставиле на маса.
Затоа, Јунајтед, според сите извештаи, повторно остана без уште еден напаѓач, откако Арсенал му ја одзеде првата голема желба на Рубен Аморим, Виктор Ѓекереш.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.


