Клоп за титулата на Ливерпул: Благодарен за минатото, среќен за сегашноста и возбуден за иднината!

Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, му честиташе на колегата Арне Слот за освоената титула во Премиер лигата и упати пофални зборови за неговиот тим кој на маестрален начин се искачи на тронот во Англија

Клоп минатото лето ги напушти „црвените“ и му го отстапи местото на Слот, за кого рече дека е одличен стратег и му посака уште поголеми успеси во блиската иднина. 

„Арне Слот заврши одлична работа и донесе голема радост за сите навивачи. Неизмерно сум среќен за Ливерпул и им посакувам само најдобри нешта. Играчите го изнесоа товарот и на неверојатен начин ја победија конкуренцијата. 

Благодарен сум за минатото, среќен сум за сегашноста и уште повозбуден за иднината. Ливерпул е во вистински раце, Слот ќе направи уште многу големи нешта за клубот и за целиот град“, изјави Слот. 

Ливерпул ја освои дваесеттата шампионска титула во историјата и се израмни на вечната листа со најголемиот премиерлигашки ривал, Манчестер Јунајтед.