• Горан Упале
Јигрен Клоп гостуваше во подкастот на Тони Крос, а една од темите на прославениот тренер и неодамна пензиониран германски играч за врска беше Серхио Рамос. Долгогодишниот соиграч на Крос не му се допаѓа како личност на поранешниот стратег на Борусија Дортмунд и Ливерпул.
Во секој случај, Клоп не го заборава загубеното финале на Лигата на шампионите во 2018 година, откако Рамос, според многумина неслучајно, го повреди Мохамед Салах, најдобриот играч на англискиот тим.
„Доколку повторно го гледате, а не сте навивач на Реал, ќе видите дека беше непромислено и брутално. Ако ги ставите сите постапки на Рамос на куп, а јас гледам фудбал од својата петта година, ќе видите што направи.
Дали навистина е добар човек? Не го разбирам тој менталитет, никогаш не сум водел такви играчи. Кога ги имав, се погрижив да си заминат", рече Клоп.
По таа трагична сезона, веќе во следната „црвените“ успеаја да се искачат на европскиот трон и да ја освојат Лигата на шампионите.