Клоп за повредата на Хендо: Ова се најдобрите лоши вести кои можев да ги добијам

Новиот англиски шампион Ливерпул и официјално сезоната ќе ја доигра без својот капитен, Џордан Хендерсон. Репрезентативецот на „Гордиот Албион“ се здоби со незгодна повреда на коленото на последниот натпревар со Брајтон, па ќе мора да паузира најмалку еден месец.

Оваа информација ја потврди и менаџерот Јирген Клоп. Германецот вели дека повредата на коленото на својот капитен не е наивна, но од друга страна добро е што нема да мора да замине на операција.

„Ова се најдобрите лоши вести кои можев да ги добијам. Има повреда на коленото, ама не е потребна операција. Нема повеќе да игра сезонава, но сигурен сум дека ќе биде фит за стартот на следната“, вели Клоп.

До крајот на Премиер лигата остануваат уште четири кола, па така Хендерсон нема да му помогне на својот тим на натпреварите против Барнли, Арсенал, Челзи и Њукасл.