Клоп за отказот на Оле: Ни минута не сум размислувал за Јунајтед

Ливерпул со максималниот учинок во четирите кола од групната фаза во Лигата на шампионите веќе обезбеди пласман во осминафиналето, па така без поголем притисок ќе го пречека дуелот со Порто

На прес-конференцијата во пресрет на овој меч, Јирген Клоп прво мораше да одговори за промената на клупата кај најголемиот ривал во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед.

„Не сум подготвен за тоа прашање, ниту една минута не размислував за Манчестер Јунајтед. Се извинувам“, кратко одговори Клоп.

Потоа зборуваше за очекувањата од дуелот со португалскиот тим.

„Секогаш ја почитуваме конкуренцијата, но мораме да размислуваме и за себе, за нашиот распоред и пред сè за ситуацијата во која се наоѓаат играчите. Што се однесува до Хендерсон, ќе видиме, треба да бидеме внимателни, не знам дали е 100% подготвен. Слична е ситуацијата и со Робертсон. И двајцата се во ред, но треба да процениме дали се подготвени да продолжат со силно темпо, мора да внимаваме на распоредот, на она што ни доаѓа. Мора да носиме одлуки соодветно“, додаде Германецот.

Ливерпул против Порто ќе се судри в среда од 21:00 часот, а во првиот дел од групната фаза „црвените“ во Португалија славеа со убедливи 1-5.