Клоп: Во Париз ќе играме против искусна екипа, не мислам дека сме фаворити

Клоп

Завршницата на сезоната ќе донесе финална пресметка во Лигата на шампионите. Мечот ќе се одигра во Париз на 28 мај, а за трофејот ќе се борат Ливерпул и Реал Мадрид.

Англискиот гигант има густ распоред во пресрет на судирот со „кралевите“. Поради тоа Јирген Клоп не смета дека неговата екипа треба да биде фаворит на финалниот натпревар.

„Во Париз ќе играме против екипата со најголемо искуство на светот. Според мене, нема да бидеме фаворити во финалето. Тие веќе ја прославија титулата во Примера, па предноста ќе биде на нивна страна.

Јас им верувам на сите мои фудбалери. Затоа ги освоивме двата трофеи, бидејќи имаме одличен состав. Атмосферата во соблекувалната е исклучителна, а истите единаесет не можат секогаш да играат“, изјави шефот на стручниот штаб на премиерлигашот.

Пред четири години, Герет Бејл беше херој на мадриѓани во победата над Ливерпул на финалето кое се одигра во Киев.