Клоп: Видов слика, офсајд не постоеше – има ли некој да ми го објасни тоа подобро?

Клоп

Контроверзни моменти го одбележаа дербито меѓу Евертон и Ливерпул. Најпрво Џордан Пикфорд направи скандалозен старт врз Вирџил Ван Дајк, а на крајот Џордан Хендерсон постигна залуден погодок за победа. Во двата случаи реагираше ВАР-собата и процени дека постоела недозволена офсајд ситуација.

По мечот очекувано големо беше незадоволството кај Јирген Клоп. Гостинскиот тренер побара објаснување зошто на нејзината екипа ѝ беше скратена победата на „Гудисон Парк“.

„Сите што го видоа моментот на крајот ми кажаа дека не е офсајд. Јас сум поддржувач на ВАР-технологијата, но ваквите моменти ми го уништуваат расположението. Снимките покажуваат дека офсајдот не постои...

Досега направив десет интервјуа и го добив истиот одговор. Можеби некој може подобро да ми објасни. Од сликата која ја видов, офсајд не постоеше“, изјави предводникот на актуелниот англиски првак.

Милиметри го делеа Пикфорд од директен црвен картон во првиот дел, а во завршницата Ливерпул остана без три бода на тежок терен за игра кај градскиот ривал.

Ваквите моменти се честа појава откако се применува ВАР-технологија, чија работа е да донесе намалување на грешките на натпреварите.