Клоп стапил во контакт со таткото на Мбапе

Како што се доближува летниот трансфер период, така шпекулациите за заминувањето на Килијан Мбапе од ПСЖ се сè поголеми. Не е тајна дека бројни европски гиганти го посакуваат светскиот шампион во своите редови, а моментално пол-позицијата ја има актуелниот европски првак Ливерпул. 

Пред почетокот на пандемијата со коронаривусот Реал Мадрид најави дека нема да штеди пари за да го обезбеди потписот на Мбапе, но сега работите се промениле и Клоп сака да го искористи тоа.

Како што пренесуваат француските медиуми, германскиот стратег веќе стапил во контакт со таткото на Мбапе и му ги пренел неговите очекувања од евентуалниот трансфер на одличниот Французин на „Енфилд Роуд“.

Но, сите знаат дека трансферот на Мбапе нема да биде лесен, затоа што ПСЖ бара голема сума на пари за еден од најдобрите голгетери на денешницата кој оваа сезона постигна 30 голови и запиша 17 асистенции.