Клоп: Сите очекуваат дека ние треба постојано да победуваме

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека неговиот тим го очекува тежок четвртфинален натпревар против Порто во рамките на Лигата на шампионите.

Ливерпул и минатата сезона го елиминира Порто, но во осминафиналето со вкупни 5-0, а Германецот мисли дека тоа може да биде и дополнителен мотив за португалскиот тим.

„Нашиот напредок во Европа во последните неколку години е евидентен. Порто е навистина искусен тим. На голот го имаат еден Икер Касиљас, секоја година се борат со Бенфика за титулата во шампионатот. Ситуацијата оваа година ќе биде далеку поразлична. Наша преднист ќе биде домашниот терен, а нивна  е тоа што поразот од минатата година можат да го искористат за дополнителна мотивација. Луѓето сметаат дека треба да победуваме на секој натпревар. Оваа сезона е навистина тешка, но досега и успешна. Се надевам дека така ќе биде и на крајот", изјави Клоп.

Мечот на „Енфилд" се игра утре со почеток во 21:00 часот, а главен судија ќе биде Шпанецот Антонио Матју Лахоз.