Клоп: Секако дека можеме подобро, но вечерва важен беше трофејот

Иако ја имаше етикетата на губитник во финалните натпревари, Јирген Клоп ги дочека своите пет минути и освои уште еден европски трофеј со Ливерпул.

По првиот свој Суперкуп на Европа во кариерата на прес-конференцијата рече: 

„Знаев дека ќе биде многу тешко да се освои овој трофеј и спремен бев на ваков натпревар. Атмосферата беше прекрасна, балгодарност до Истанбул и до нашите многубројни фанови. 

На Чембрлејн му требаа овие минути, но тој може многу подобро. Сепак, Фирмино веднаш се вклопи на неговото место и ни го даде тоа што од него го очекувавме. Можеби мал проблем е што во претсезоната ни недостигаа многу клучни фудбалери, но тука не можевме ништо да сториме.

Секако дека можеме да играме подобро, но денес важна беше победата и трофејот. Не знам каде беше Адриан пред две недели кога игравме со Манчестер Сити, но денес е тука, спремен беше, го вгради цело свое искуство и ни покажа зошто го доведовме. Тој е одлична личност, ја наметна својата харизматична и во соблекувлната и ја заслужи оваа вечер“, заврши Клоп.

Експедицијата на Ливерпул утре се враќа во Ливерпул и в сабота ја продолжува премиерлигашката битка со гостување кај Саутемптон.