Клоп сè уште има проблеми, ама Ливерпул мора да го победи Ајакс

„Божицата“ предизвика потенцијален проблем. Славјето на Аталанта на „Енфилд“ минатата среда доведе до загриженост во редовите на Ливерпул и Ајакс, со што нивниот дуел од петтото коло од групата Д од Лигата на шампионите доби многу поголема важност.

Сите квоти за натпреварот меѓу Ливерпул и Ајакс

„Црвените“ од комотна ситуација, дојдоа во состојба на готовност, додека „копјаниците“ во моментов се на второто место и се надеваа на „помошта“ од Ливерпул. Така, до европска пролет во елитата ќе треба да се минува преку најтешкиот пат бидејќи само три бода ги делат трите најдобри екипи во групата, а тимот од Бергамо покажа дека нема намера да се откаже. Пресметката за домаќинот е јасна. Доколку избраниците на Јирген Клоп слават над Ајакс, тие ќе се пласираат во осминафиналето од Лигата на шампионите, четврта година по ред, а резултатот од дуелот во градот на Битлси може да се покаже како витален за амбициите на великанот од Амстердам, кој го очекува меч со Аталанта во последната рунда.

Квоти за останатите дуели од Лигата на шампионите

Ливерпул сè уште се бори со повредите и ќе мора да игра на горната граница од своите можности против загреаниот тим на Ерик тен Хаг, кој во моментов нема пораз на осум натпревари и на истите постигна неверојатни 38 голови. За разлика од „црвените“, на кои им недостасуваат Ван Дајк, Кеита, Алкантара, Милнер, Гомез, Окслејд-Чембрлен, Александар-Арнолд и Шаќири, ситуацијата во редовите на „копјаниците“ е дијаметрално спротивна. Само Кудус е надвор од стројот.

Досега Ливерпул и Ајакс се имаат сретнато само трипати, а нивниот прв натпревар во арената „Јохан Кројф“ пред околу месец и половина беше прв по пауза од 53 години. На тој дуел славеше англискиот шампион со минималец.