Клоп: Се наоѓаме под притисок, не го игнорираме тоа

Јирген Клоп

Јирген Клоп одби да каже дека Ливерпул е во криза, иако резултатите во новата сезона го покажуваат токму тоа. На последниот меч на домашен терен, „црвените“ одиграа 3-3 против Брајтон.

Минатогодишниот вицешампион има две победи, пораз и дури четири реми средби. Проблематична е одбраната, што може да се види по гол-разликата на екипата на Клоп во новата сезона.

„Не сакам да го кажам тоа што сите сакаат да го слушнат. Имаме само десет поени и тоа е реалноста. Мора да работиме заедно и да го надминеме овој период, за да бидеме подобри во остатокот од сезоната. Се наоѓаме под притисок, не го игнорираме тоа. Момците можат да играат подобро, а моја работа е да им овозможам решенија за да го направат тоа“, порача предводникот на Ливерпул.

Тимот од „Енфилд“ моментално стои на единаесет бода помалку во однос на лидерот во Премиер лигата, Арсенал.

Состави

Јирген Клоп

4-3-3

    Roberto De Zerbi

    3-4-2-1