ВИДЕО: Клоп се „коцкаше“ со составот, Матип донесе пресврт победа на Ливерпул

Екипата на Ливерпул потешко од очекуваното забележа нови три бода во Премиер лигата и со победата над Саутемптон ја продолжува трката со Манчестер Сити за шампионскиот трофеј во англиската елита (1-2).

  • Извештај од натпреварот:

Германскиот стратег, Јирген Клоп, им приреди големо изненадување на своите фанови, затоа што на „Сент Мери“ истрча со речиси втор состав, но на крај одморот на првите ѕвезди се исплати, затоа што Ливерпул одигра доминантен натпревар и само може да жали што не извојува поубедлива победа.

Стартот на натпреварот во Саутемптон мина во знакот на домашните фудбалери, кои во 13. минута ја искористија првата шанса и преку Редмонд поведоа со 1-0. „Црвените“ и Клоп протестираа, барајќи прекршок над Жота, но искусниот Еткинсон не ја промени првичната одлука и го призна голот на поранешниот англиски репрезентативец.

По примениот гол Ливерпул влезе во посакуваниот ритам и завладеа на теренот, а со тоа се редеа шансите пред голот на Мекарти. Првата ја испушти Фирмино, но веднаш потоа Минамино во својот прв старт оваа сезона се запиша во листата на стрелците и на својот тим му донесе израмнување од 1-1, резултат со кој се замина на одмор.

Ништо не се промени ниту во вториот дел. Ливерпул продолжи да напаѓа со сите сили, но до посакуваниот погодок за победа стигна на среќен начин, а творец на истиот беше дефанзивецот Матип во 67. минута.

Во последното коло, кое ќе го даде шампионот во Премиер лигата, Ливерпул ќе се сретне со Вулверхемптон, додека Манчестер Сити на свој терен ќе го пречека тимот на Астон Вила.

Состави

Ралф Хасенхутл

3-4-2-1

    Јирген Клоп

    4-3-3