Клоп: Реал е најдобар во ЛШ, тоа сите го знаат, ама и ние не сме лоши...

Осминафиналето од Лигата на шампионите ќе понуди две дерби-пресметки, а една од нив е онаа меѓу екипите на Ливерпул и Реал Мадрид. И покрај лошата традиција на „црвените“ со актуелниот европски владетел, тренерот Јирген Клоп се радува што ќе има шанса пак да се соочи со кралскиот клуб.

„Знам дека двапати игравме со Реал Мадрид, но никогаш не се сретнавме во двомеч, така што мора да сме возбудени. Реал Мадрид е најдобар во Лигата на шампионите, тоа сите го знаеме, ама и ние не сме лоши. До натпреварот има уште неколку месеци, но знаеме дека доаѓа одлична атмосфера на Енфилд. Оваа ждрепка ни дава причина да се радуваме“, изјави Клоп.

Првите натпревари во Лигата на шампионите се играат во февруари, додека реваншите се во месец март.