Клоп разочаран од Англичаните: Не ми е јасно зошто не носат заштитни маски

Фудбалерите на Ливерпул, под посебна програма, повеќе од една седмица работат во својот тренинг-центар и се подготвуваат за продолжувањето на Премиер лигата. 

Лидерот во англискиот шампионат се надева дека наскоро ќе добие „зелено светло“ за нормални тренинзи, а менаџерот Јирген Клоп призна дека е изненаден од однесувањето на Англичаните, кои како што вели тој не се придржуваат до мерките и не носат заштитни маски и ракавици.

„Сметам дека работите во безбедни услови, но никогаш не можеш да бидеш сигурен додека вирусот сè уште е меѓу нас. Мораме да бидеме дисциплинирани и да се придржуваме до мерките. Но, едно нешто не ми е јасно. Зошто поголемиот дел од Англичаните, не носат ниту маски ниту ракавици? Не сум експерт во оваа област, но сигурен сум дека тие не штитат од ширење на вирусот“, рече Клоп.

До крајот на Премиер лигата остануваат уште девет кола, во кои Ливерпул ќе проба да собере само шест бода и по пауза од 30 години повторно да биде шампион на Англија.