Клоп: Проблем е што фудбалерите се фокусираат на ноември и СП во Катар

Јирген Клоп

Јирген Клоп постојано гласно повикува на намалување на натпреварите кои се играат во една сезона. Густиот распоред е нешто што претставува голем проблем за иднината на фудбалот, во очите на германскиот стратег.

Во новата сезона пауза ќе се прави во ноември и декември, поради организацијата на Светското првенство во Катар. Тоа е турнир кој според предводникот на Ливерпул се организира во погрешно време.

„Светското првенство ќе се игра во погрешно време. Најдобрите европски екипи доволно се зафатени во тој дел од сезоната. Според мене нема никаква смисла организација на турнир во тој период. Сите играчи веќе премногу се фокусирани на Мундијалот. Добро е што доаѓаат во најдобра форма по одморите, но лоша вест е нивниот фокус кој е насочен кон ноември. Ќе видиме како ќе влијае врз нивната игра во октомври“, изјави Клоп.

Многу првотимци на „црвените“ ќе бидат ангажирани од своите репрезентации за СП. Оние кои ќе стигнат во завршницата ќе бидат исцрпени пред „Боксинг деј“ во Премиер лигата, кој доаѓа неколку дена по крајот на турнирот.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.