Клоп: Порто не беше на мојата листа на желби

Ливерпул во четвртфиналето на Лигата на шампионите го доби можеби најлесниот ривал на хартија - португалски Порто, но стратегот Јирген Клоп истакна дека токму тој тим не бил посакуван противник на „црвените“.

Двата тима се сретнаа лани, а Ливерпул го мина Порто со вкупен резултат од 5-0 (0-0 на „Енфилд“, 0-5 во Португалија). Но, Клоп вели дека португалскиот тим од Лисабон бил непосакуван, затоа што лани покажал дека е силен и незгоден тим.

„Го извлековме Порто, знаеме дека мора да играме многу добро против нив. Минатата година се сретнавме едни со други во Лигата на шампионите, во првиот меч славевме убедливо, но во вториот видовме колку се силни. Не сметам дека ова е добра ждрепка за нас. Порто не беше на мојата листа на желби. Мора да се спремиме максимално, ако сакаме да одиме понатаму. Мора да го почитуваме ривалот, без разлика на неговото име“, изјави Клоп.

Првиот меч од четвртфиналето меѓу Ливерпул и Порто се игра на 9 април, на „Енфилд Роуд“.