Клоп по дебаклот: Нема оправдување, а немам ниту објаснување...

Фудбалерите на Ливерпул доживеаја нова бламажа во Премиер лигата, откако загубија со 3-0 кај Вулверхемптон. „Црвените“ се во серија од четири натпревари без победа, од кои три беа порази со по три примени погодоци.

По неуспехот на „Молинеу“, Јирген Клоп го изнесе своето мислење. 

„Нема оправдување, немам ниту објаснување за натпреварот. Првите петнаесет минути беа навистина ужасни. Пристапот мора да се менува, се извинувам за резутлатите. Мора да менуваме, нема објаснување, сакам промена веќе во следниот натпревар“, кажа Клоп. 

Ливерпул игра катастрофална сезона во домашното првенство, се наоѓа на средината на табелата и битката за местата во евро-куповите ќе биде навистина тешка.