Клоп: Ова беше единствен начин да го победиме Манчестер Сити

Стратегот на Ливерпул, Јирген Клоп, му честита на Манчестер Сити за добрата игра во дербито (3-1) и потенцира дека поради едно нешто, неговиот тим победил. Германецот вели дека неговиот тим бил крајно фокусира, а тоа е единствен начин да се победи првакот.

„Сити беше одличен. Моравме да се браниме со се што имаме, но дадовме и неверојатни голови. Беше тешко да се игра, интензитетот на играта беше очигледен. Дербито вредеше. Моите момци беа комплетно фокусирани и концентрирани, a тоа е единствен начин да се победи Манчестер Сити. Ова беше единствен начин да го направиме тоа. Можеби другите тимови можат да го победат Манчестер Сити на различен начин“, изјави Клоп.

Ливерпул сега направи разлика на врвот во Премиер лигата и со триумфот во првото дерби сезонава избега на „плус девет“.