Клоп одново мора да менува, Александер-Арнолд надвор од конкуренција еден месец

Арнолдѝѝ

Листата повредени играчи во Ливерпул доби уште едно име во десниот бек Трент Александер Арнолд.

Дефанзивецот ќе биде надвор од терените во наредните месец дена, поради повреда на дербито против Манчестер Сити. Тој им се приклучи на Вирџил Ван Дајк и Фабињо кои исто така не се на располагање на Јирген Клоп во овој дел од сезоната.

Англискиот репрезентативец нема да биде дел од натпреварите против Брајтон и Аталанта, а засега не се знае точно дали ќе може да се врати за дуелите на почетокот на декември. Тогаш „црвените“ играат со Ајакс во Лигата на шампионите и Вулвехемптон во рамки од Премиер лигата.

На позицијата десен бек одново ќе има промени, а Клоп ќе треба да одлучи меѓу талентираниот Вилијамс или ветеранот Милнер.

За време на викендот Ливерпул го загуби првото место на табелата во англискиот шампионат, по ремито на гостувањето кај Сити на Пеп Гвардиола.