Клоп одби нов договор и повисока плата од Ливерпул

Фановите на Ливерпул останаа во шок кога дознаа дека Јирген Клоп не сака да стави потпис на нов договор.

Германецот смета дека начинот на работа на „Енфилд“ влијае на неговото здравје и не знае колку ќе може да издржи. Неговиот тековен договор е до 2022 година, а стратегот од Штутгарт е оптимист дека ќе го испочитува до крај.

Продолжувањето на соработката со „црвените“ на германскиот тренер ќе му донесеше повисоки приходи за четири милиони евра.

Европскиот првак не планира големи засилувања и промени за наредната сезона во која приоритет повторно ќе биде титулата во Премиер лигата.

Клоп смета дека враќањето на Адам Лалана и Окслајд-Чембрлејн ќе биде доволно освежување на тимот за предизвиците во сезоната 2019/20.